Велосипедизам
Велосипедизам значи употреба на велосипеди за сообраќај, рекреација или за спорт. Лицата кои возат велосипеди се нарекуваат „велосипедисти“, Покрај вообичаените велосипеди со две тркала, во велосипедизмот се вбројуваат и возењето на моноцикли, трицикли, квадрицикли и слични возила.
Велосипедите се појавиле во XIX век и моментално се проценува дека има над една милијарда велосипеди во светски рамки.Првите велосипеди во Македонија се претпоставува дека се појавиле исто така во XIX век. Велосипедите се користат како основно средство за превоз во многу делови на светот.
Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина (занемарливо оштетување на патиштата, помала зафатнина на патишта). Со можноста за закачување на велосипеди на автобусите, сообраќајните претпријатија можат значајно да ги зголемат областите кои ги опслужуваат.
Помеѓу слабостите на велосипедизмот се нестабилноста на велосипедот по природа, големата изложеност при несреќи (особено во судари со моторни возила), поголемото време за патување (освен во густо населените области), изложеноста на временските услови, потешкотијата во пренесувањето патници, конкурентноста со другите општествени форми на јавен превоз и вештините и кондицијата за велосипедизам.
Видови на велосипедизам се:
Градски велосипедизам
Градскиот велосипедизам се однесува како на велосипедизмот како средство на секојдневен превоз, како и употреба на велосипедот за комерцијална активност, главно за превоз на добра и најмногу се сретнува во урбаните средини.
Краток историјат на градскиот велосипедизам:
Поштите во многу земји долго време се потпирале на велосипедите. Британската Кралска пошта започнала да ги употребува велосипедите во 1880 година; денес, постојат 37.000 велосипедски поштари во Велика Британија, 25.700 во Германија, 10.500 во Унгарија и 7.000 во Шведска. Во Австралија, Австралиската пошта исто така повторно ги вовела поштенските достави на некои патеки поради неможноста да вработи доволен број на возачи кои ќе сакаат да ги користат нивните неудобни мотори. Лондонската амбулантна служба неодамна вовела велосипедска итна служба, кои често можат да стигнат до местото на несреќа во средиштето на Лондон побрзо отколку моторизирано возило.
Кон крајот на XX век, урбаните полициски велосипеди станале почести, бидејќи подвижноста на полицајците со автомобили била ограничена од гужвата во сообраќајот и пешачките зони.
Рекреативен велосипедизам
Велосипедски туризам
Велосипедите се користат како средство за рекреација од сите возрасти. Велосипедскиот туризам, исто така познат како велотуризам, кој вклучува возење и истражување или разгледување со велосипед за задоволство.
Организирани трки
Многу велосипедски клубови одржуваат организирани трки на кои можат да учествуваат велосипедисти од сите возрасти и нивоа. Најчесто, организираните трки започнуваат со голема група на возачи, наречена маса, група или главна група. Оваа ќе се разретчува како што напредува патеката. Многу возачи избираат да возат заедно во групи со исто ниво на вештини со што ја искористуваат заветрината.
Повеќето организирани трки бараат однапред пријавување, како и барање за исполнување на одредени минимални стандарди во врска со опремата на велосипедот која треба да се поседува. Трките вообичаено вклучуваат неколку различни патеки, подредени по растојание, како и неколку паузи кои вообичаено вклучуваат освежување, прва помош и алат за одржување. Патеките може да се менуваат и најчесто траат по околу 100 километри.
Планински велосипедизам
Планинскиот велосипедизам започнал во 1970-тите години, првично како спорт за спуст, возен на специјално обликувани велосипеди. Повеќето планински трки се одржуваат на неасфалтирани патишта, патеки и специјално направени паркови. Во поново време се појавил и планинскиот велосипедизам со спуст, кој се практикува на стрмни места и се смета за екстремен спорт.

Попознати велосипедски тури во Македонија се:
-Тура преку Слива која започнува од Прилеп, а се вози низ прилепското Мариово.
-Мариово на дланка и други.


Литература: Википедија
Ве замолувам доколку Ви се допадна оваа статија да напишите во коментар на која велосипедска тура сте учествувале!
No comments:
Post a Comment