Wednesday, November 29, 2017

Важно соопштение

Драги читатели,
Ве известувам дека отворив уште еден блог на Англиски јазик и наскоро ќе почнам да објавувам слични постови во него: https://sportirekreacijainfoen.blogspot.mk/  . Во него ќе објавувам слични информации за ,,Спорт и рекреација" само што ќе биде напишано на Англиски јазик. 
Велосипедизам

Велосипедизам значи употреба на велосипеди за сообраќај, рекреација или за спорт. Лицата кои возат велосипеди се нарекуваат „велосипедисти“, Покрај вообичаените велосипеди со две тркала, во велосипедизмот се вбројуваат и возењето на моноцикли, трицикли, квадрицикли и слични возила.
Велосипедите се појавиле во XIX век и моментално се проценува дека има над една милијарда велосипеди во светски рамки.Првите велосипеди во Македонија се претпоставува дека се појавиле исто така во XIX век. Велосипедите се користат како основно средство за превоз во многу делови на светот.
Велосипедизмот нашироко се цени како многу ефективен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина (занемарливо оштетување на патиштата, помала зафатнина на патишта). Со можноста за закачување на велосипеди на автобусите, сообраќајните претпријатија можат значајно да ги зголемат областите кои ги опслужуваат.
Помеѓу слабостите на велосипедизмот се нестабилноста на велосипедот по природа, големата изложеност при несреќи (особено во судари со моторни возила), поголемото време за патување (освен во густо населените области), изложеноста на временските услови, потешкотијата во пренесувањето патници, конкурентноста со другите општествени форми на јавен превоз и вештините и кондицијата за велосипедизам.
Image result for велосипед
Видови на велосипедизам се: 

Градски велосипедизам



Градскиот велосипедизам се однесува како на велосипедизмот како средство на секојдневен превоз, како и употреба на велосипедот за комерцијална активност, главно за превоз на добра и најмногу се сретнува во урбаните средини.

Краток историјат на градскиот велосипедизам:
Поштите во многу земји долго време се потпирале на велосипедите. Британската Кралска пошта започнала да ги употребува велосипедите во 1880 година; денес, постојат 37.000 велосипедски поштари во Велика Британија, 25.700 во Германија, 10.500 во Унгарија и 7.000 во Шведска. Во Австралија, Австралиската пошта исто така повторно ги вовела поштенските достави на некои патеки поради неможноста да вработи доволен број на возачи кои ќе сакаат да ги користат нивните неудобни мотори. Лондонската амбулантна служба неодамна вовела велосипедска итна служба, кои често можат да стигнат до местото на несреќа во средиштето на Лондон побрзо отколку моторизирано возило.
Кон крајот на XX век, урбаните полициски велосипеди станале почести, бидејќи подвижноста на полицајците со автомобили била ограничена од гужвата во сообраќајот и пешачките зони.

Рекреативен велосипедизам



Велосипедски туризам


Велосипедите се користат како средство за рекреација од сите возрасти. Велосипедскиот туризам, исто така познат како велотуризам, кој вклучува возење и истражување или разгледување со велосипед за задоволство.


Организирани трки




Многу велосипедски клубови одржуваат организирани трки на кои можат да учествуваат велосипедисти од сите возрасти и нивоа. Најчесто, организираните трки започнуваат со голема група на возачи, наречена маса, група или главна група. Оваа ќе се разретчува како што напредува патеката. Многу возачи избираат да возат заедно во групи со исто ниво на вештини со што ја искористуваат заветрината.

Повеќето организирани трки бараат однапред пријавување, како и барање за исполнување на одредени минимални стандарди во врска со опремата на велосипедот која треба да се поседува. Трките вообичаено вклучуваат неколку различни патеки, подредени по растојание, како и неколку паузи кои вообичаено вклучуваат освежување, прва помош и алат за одржување. Патеките може да се менуваат и најчесто траат по околу 100 километри.

Планински велосипедизам

Планинскиот велосипедизам започнал во 1970-тите години, првично како спорт за спуст, возен на специјално обликувани велосипеди. Повеќето планински трки се одржуваат на неасфалтирани патишта, патеки и специјално направени паркови. Во поново време се појавил и планинскиот велосипедизам со спуст, кој се практикува на стрмни места и се смета за екстремен спорт.
Related image
Попознати велосипедски тури во Македонија се:
-Тура преку Слива која започнува од Прилеп, а се вози низ прилепското Мариово.
-Мариово на дланка и други.
Image result for велосипедизам
Image result for велосипедизам

Литература: Википедија
Ве замолувам доколку Ви се допадна оваа статија да напишите во коментар на која велосипедска тура сте учествувале!


Monday, November 27, 2017

Планинарење

Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка активност која се одвива во природа. Терминот планинарство е само поширок поим за бројни активности и спортски дисциплини кои потпаѓаат под планинарство, а тоа се: разни излети и посети на лесно пристапни планини, високогорство, горски служби за спасување, водечка служба (водачи), спортска ориентација, скијање, планинарски трансверзали и алпинизам.

Алпинизмот, всушност значи искачување по карпи.
Планини во Република Македонија се:
ПланинаНајвисока точкаНадморска височинаПланински масивСлика
1КорабГолем Кораб2.753 мКорапски Масив
Mount Korab, Republic of Macedonia.jpg
2Шар ПланинаТитов Врв2.747 м
Шар (Титов врв) од Крива Шија.JPG
3БабаПелистер2.601 м
Пелистер 06.jpg
4ЈакупицаСолунска Глава2.540 мМокра
Снежната убавица Солунска Глава (2,540m).JPG
5НиџеКајмакчалан2.521 мНиџе
Поглед кон планината Ниџе.jpg
6КараџицаКараџица2.472 мМокра
Greben na Karadzica nad Kozjak.jpg
7ПерчулицаПерчулица2.423 мМокра
8ДешатВеливар2.373 мКорапски Масив
Веливар (Дешат) 06.jpg
9КрчинГолем Крчин2.343 мКорапски Масив
Крчин 02.jpg
10СтоговоГолем Рид2.273 мСтоговски Масив
Планина во Маврово.jpg
11ГаличицаМагаро2.255 м
Galichitsa.jpg
12ЈабланицаЦрн Камен2.258 м
Јабланица МК.jpg
13ОсоговоРуен2.252 мОсоговски Масив
Carev Vrv Osogovo Macedonia.jpg
14ДаутицаДаутица2.178 мМокра
Bel Kamen-Dautica-Poreche-MK.JPG
15КожуфЗелен Брег2.166 м[б]
Викиекспедиција Бојмија 193.jpg
16БистраМеденица2.163 мБистрички Масив
Бистра МК 02.jpg
17ЧелоицаДобра Вода2.062 мСува Гора
Dobra Voda 02.jpg
18Плакенска ПланинаСталев Камен1.998 мПространска Планина
ПлакенскаПл.JPG
19Сува ПланинаКашгало1.964 мМокра
Сува Планина-Караџица 01.jpg
20БиглаЦрн Врв1.935 мПространска Планина
20ГолешницаЛисец1.935 мМокра
Goleshnica-od-Solunska Glava-MK.JPG
22ВлаинаКадиица1.932 мМалешевско-влаински Масив
Kadiitsa IMG 9979.jpg
23ПесјакКула1.917 мСува Гора
Песјак 2.jpg
24Илинска ПланинаЛиска1.908 мПространска Планина
Викиекспедиција Дебарца 143.jpg
25БеласицаТумба1.881 м
Сртот и врвовите на Беласица кон запад.JPG
26Сува ГораКодра Таурли1.857 мСува Гора
Suva Gora.JPG
27КозјакБалтова Чука1.823 мНиџе
Планина Козјак (Јужна Македонија).jpg
28Малешевски ПланиниЏами Тепе1.801 мМалешевско-влаински Масив
29КараорманОрли Врв1.794 мСтоговски Масив
Karaorman mountain.jpg
30Бушева ПланинаМусица1.788 мБушевски Масив
Бушева Планина 02.JPG
31ДукатАниште1.786 м
32ЛубенКафчал1.762 мБушевски Масив
Викиекспедиција Железник 76.jpg
33ЛопушникСтог1.754 мБистрички Масив
33ПлачковицаЛисец1.754 м
Пејзаж на Плачковица 3.jpg
35БабунаКозјак1.746 мБабуна
Бабуна планина 02.jpg
36ОгражденОгражденец1.744 м
37СлавејСлавеј1.714 мСтоговски Масив
38БилиноЧупино Брдо1.703 м
ЕкспедицијаРанковце103.jpg
39Баба СачГолем Сач1.698 мБушевски Масив
40ДренЛивада1.663 мДрен
Prilep from Markova Kula1.jpg
41Скопска Црна ГораРамно1.651 м
Skopska Crna Gora-MK.JPG
42КиткаЛисец1.588 мМокра
Kitka od Tri Krusi.jpg
43ВишешницаЧаве1.557 мДрен
Pletvar, pohled na horu Višešnica.jpg
44СинковицаПасаџиковска Чука1.544 мОсоговски Масив
45ГолакЧавка1.538 мГолак
46ГолјакВели Врв1.535 м
47БуковиќТепе1.528 м
48ДрвеникКале1.494 м
49Селечка ПланинаВисока1.471 м
Врвот Висока на Селечка Планина од запад.jpg
50Облаковска ПланинаБел Камен1.430 м
51ЗлатоЗлатоврв1.422 мБабуна
Rocky world Mount Zlato.jpg
52ГотенГрамадник1.420 м
53ОсојКрстец Тепе1.401 м
Ivanje-Osoj-Matka-MK.JPG
54ГерманМодра Глава1.390 мБилино
ЕкспедицијаРанковце19.jpg
55Бејаз ТепеБејаз Тепе1.348 м
56КозјакПерјен1.326 мБилино
57ПлавицаПлавица1.297 мОсоговски Масив
Плавица.jpg
58ОбознаЈастреб1.273 мГолак
59ЖеденГолем Камен1.264 м
Жеден (планина).jpg
60СертаВолчјак1.159 мСерта
ЕкспедицијаЛакавичко 80.jpg
61КлепаКлепа1.149 м
ЕкспедицијаГрадско35.jpg
62ВодноКрстовар1.066 м
Skopje-pano.JPG
63Градешка ПланинаВршник1.031 мСерта
64ПлавушКара Тепе997 мСерта
65СмрдешЕлешница971 м
66МанговицаАсаница874 м
67Градиштанска ПланинаГрадиште861 м
Gradistanska Planina kaj Gradmanci - MK.JPG
68РуенЛаниште775 м
Поглед на Руен, Велешко 1.JPG
69БогословецСвети Јовански Рид755 м
Ridot-Bogoslovec-vo-Ovche Pole.jpg

Највисок врв во Светот е ,,Монт Еверест" кој се наоѓа на планинскиот масив Хималаи со неверојатна висина од 8848 метри надморска височина.
Највисок врв на континентот Европа е ,,Монт Блан" кој се наоѓа на Алпите иако, многу извори тврдат дека е ,,Елбрус" кој се наоѓа на Кавказ.
Монт Блан
Елбрус
Најпознатиот алпинист кој живее во Македонија е Здравко Дејановиќ кој се има искачено на ,,Монт Еверест" и ,,К-2" и е автор на книгата ,,Како го искачив К-2".
Видео од искачувањето на Мусала- највисокиот врв во Бугарија, а воедно највисок на Балканот:

Доколку Ви се допадна оваа статија, ве замолувам да напишете некоја планина или врв на која сте се искачиле!
Литература: Википедија